Никола Тесла ги измислил дроновите уште во 19-ти век
Генијалниот ум, Никола Тесла верувал дека дроновите можат да помогнат да се воспостави мир во светот.
Уште во ноември 1898 година, бил создаден еден од патентите на Тесла, во кој говори за начинот на функционирањето и пошироката примена на беспилотните возила и летала.
Тој во својот патент вели дека таквите „возила и пловила“ би можеле да се користат за пренос на писма и пратки, за воспоставување на комуникација, но и за истражување, извидување, па дури и за „убивање и фаќање на китови и други морски животни“.
За потсетување денес Амазон започна да испраќа пратки со помош на дронови.
-Најголемата вредност на мојот изум би бил неговото влијание на војувањето и вооружувањето. Поради сигурната и неограничена моќ на уништување, тој би донел преманентен мир меѓу нациите, смета големиот научник Никола Тесла.
Патентот за „метод и апаратура на управување на механизмите на движечките возила“, предвидувал и безжична комуникација.
-Во поширока смисла мојот изум се разликува од сите други системи за контрола на механизмите кои што носат движечки објекти по тоа што нема да има потреба од никакви жици, кабли или друг вид на електрична или механичка поврзаност. Јас постигнувам слични резултати на попрактичен начин со користење на бранови, импулси или зрачења кои што се примаат преку земјата, водата или атмосферата, се додека објектот се наоѓа во домет на таквите бранови, импулси или зрачења, стои во патентот.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја