Никола Стојановски го фати светиот крст во Куманово
Православните верници од Куманово го празнуваат празникот Богојавление-Водици. Во фонтаната во дворот на соборниот храм „Свети Никола“ денеска по светиот крст скокаа триесетина млади. Крстот го фати 21-годишниот Никола Стојановски од Куманово.
- Скокам по седми пат, а првпат го фаќам. Се надевам дека ќе ми донесе здравје и среќа. Апелирам до младите да учествуваат на вакви настани, да се продолжи традицијата, рече Стојановски.
Свештениците од црквата на Стојановски му подарија икона. Утрово во соборниот храм се одржа литургија во чест на празникот Богојавление Водици со која чиноначалствуваше митрополитот кумановско-осоговски г.Јосиф.
Денеска и во црквата „Света Тројца“ попозната како Нова Црква најсреќен меѓу десетината млади кои скокаа по крстот беше 19-годишниот Андреј Божиновски, кој прв пат го фаќа крстот. Тој очекува крстот да му донесе здравје и среќа.
Крстот, изјави отец Игор Здравковски ќе се однесе дома како благослов за најблиските, семејството и пријателите.
Верниците во Куманово ги посетија православните храмови, се помолија за здравје и благосостојба, пресекоа и колач и зедоа осветена вода.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци