Бизнис
20. August 2019 - 11:58

Никола Поповски именуван за в.д. главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија

Никола Поповски е именуван за нов вршител на должност – главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, стои во дописот од Банката до Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје.

Одлуката е донесена на седница на Надзорниот одбор на Банката одржана на 13 август.

Поповски доаѓа на местото на Кирил Колемишевски, кој на функцијата беше од 15 мај годинава.

Никола Поповски е универзитетски професор. Тој е поранешен министер за финансии, а од октовмри 2002 до ноември 2003 година беше и претседател на Собранието на РМ.