Loading Video...
Ракомет
16. October 2020 - 12:24

Никола Митревски со 15 одбрани играш на натпреварот

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски беше најзаслужниот за победата на Порто со 25-19 во дуелот против унгарски ПИК Сегед. Митревски средбата ја заврши со 15 успешни интервенции и сосема заслужено на крајот беше избран на играч на мечот. 
 
Куриозитет на овој натпревар беше што двата тима во првиот дел играа со речиси идентични дресови, за дури во второто полувреме домаќините да излезат на теренот со својата втора комбинација. 
 
Токму Порто ќе биде следниот противник на Вардар и тоа наредниот четврток (22 октомври), а дуелот ќе се игра во Скопје.