-->
-->
Никола Митревски повторно ќе застане на голот на Македонија
-->
На голот на Македонија денес против Австрија повторно ќе застане Никола Митревски, подготвен за овој клучен натпревар од оваа групна фаза.
- Сите знаеме дека ова е мало финале за нас, спремни сме и свесни за она што не очекува. Австријците се домаќини, но квалитативно не се подобри од нас. Имаме шанси, со победа на денешниот натпревар поразот од Чешка е небитен. Наше е да излеземе и да го дадеме нашиот максимум и да се надеваме на победа, изјави Митревски.
Што се однесува до играта на Австрија покрај бековите Билик и Божовиќ, нашиот голман вели дека клучно ќе биде да се затворат останатите играчи од тимот.
- Добро знаеме за какви играчи станува збор, Божовиќ и Билик ќе шутнат 30 пати без разлика колку ќе погодат, бидејќи едноставно им е дадена толкава слобода од селекторот. Она што за нас е најважно е да ги запреме нивните крила и пивотот, да не дозволиме да влезат во ритам како Вебер против Украина, кога овој крилен ракометар даде осум гола без промашување. Ако успееме во тоа, имаме големи шанси да стигнеме до посакуваниот резултат.
Ракометниот натпревар меѓу Македонија и Австрија се игра денес во „Штадхале“ во Виена со почеток во 18.15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор