Никола Маџиров ќе чита на Оксфорд Квинс Колеџ
Македонскиот поет Никола Маџиров денеска ќе чита на Оксфорд Квинс Колеџ, на македонски и англиски јазик, како еден од застапените во Антологијата на современата светска поезија „Центри на катаклизмата“.
Поетското читање на Маџиров е во рамки и на одбележувањето педесет години од првиот број на најстарото британско списание за преводна поезија „Модерн поетри ин транслејшн“ основано од венцоносецот Тед Хјуз.
Маџиров утре ќе има целовечерно читање во книжарницата „Албион Битник“, која според „Сандеј тајмс“ е прогласена за најдобра книжарница во Оксфорд.
Лондонски „Гардијан“ ја смести песната на Маџиров „Кога некој заминува“ меѓу најдобрите 50 светски љубовни песни напишани во последните 50 години. Негови песни во превод на Греам и Пеги Рид и позитивни реакции за неговата поезија се појавија и во лондонски „Тајмс“, „Би-би-си“, „Модерн поетри ин транслејшн“,„Поетри Лондон“...
Во 2012 година Маџиров беше избран од меѓународниот поетски борд да ја застапува Македонија на Поетските олимписки игри во Лондон, на кои настапија и нобеловците Шејмас Хини и Воле Соинка.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228