Никола Маџиров доби признание Европски поет за 2016 година
На поетот Никола Маџиров синоќа на свеченост во Кингс колеџ во Кембриџ, Велика Британија, му беше доделено признанието Европски поет за 2016 година за придонес во современата европска поезија.
Признанието, во вид на рачно изработена скулптура сребрен лист, му беше врачено на гала-вечера, во присуство на градоначалникот на Кембриџ, заменик-ректорот на Кингс колеџ, поети и уметници кои учествуваат на фестивалот „Шу Жимо поетри енд арт“ и други видни гости од универзитетскиот и книжевниот свет. Наградата му ја врачи Ален Мекферлејн, професор на Кингс колеџ.
Маџиров пред присутните гости читаше стихови на македонски и англиски јазик во превод на Пеги и Греам Рид, а наградата ја посвети на загинатите од поплавата во Македонија.
Пред присутните тој изјави: „Листот од врбите долж реката Кем е еден од симболите на Кембриџ. Листот е јазик на кревкоста, а кревкоста е единственото оружје на поетите. Оваа награда ја посветувам на загинатите во поплавата во Македонија. Велат водата има долго паметење, овој пат ние сме тие што треба да паметат. Суровоста на стварноста е во сознанието дека она што го имаме во најголемо количество во нашите дела - водата, може така лесно да нѐ убие”.
Маџиров соопшти дека паричниот износ што му е доделен од фестивалот ќе го донира за справување со последиците во поплавените подрачја.
Наградата за животно дело и придонес во светската современа поезија му беше доделена на Беи Дао од Кина, неколкукратен кандидат за Нобелова награда за литература и венцоносец на Струшките вечери на поезијата.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово