Кошарка
9. јуни 2021 - 9:00

Никола Јокиќ прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е прогласен за МВП (најкорисен играч) на регуларната сезона во НБА-лигата, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Харанија.

Србинот имаше просек од 26,4 поени; 10,8 скока; 8,3 асистенции; 1,3 украдени украдени топки и 0,7 блокади и ги одигра сите 72 натпревари.

Јокиќ помогна на Денвер да заврши трет во Западната конференција.

Тој беше избран од Нагетс на драфтот во 2014 година како 41-ви пик. Ниту еден играч со толку низок избор на драфтот никогаш не станал МВП.

Годинава втори и третина изборот за МВП беа центарот на Филаделфија, Џоел Ембиид и ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари.