Loading Video...
Спорт плус
19. May 2021 - 18:18

Никола Ѓорѓиев: Ќе одиме на победа на сите натпревари

Машката македонска одбојкарска репрезентација веќе извесен период е во Струмица каде ги одработува подготовките за новиот настап во европската Сребрена лига. 
 
Тие ќе домаќини на два турнири.  Првиот во периодот од 21 до 23 мај во кој за противници ќе ги имаме селекциите на Данска, Израел и Кипар, како и завршниот на кој ќе бидеме сигурни учесници меѓу четирите најдобри репрезентации. 
 
Во меѓувреме (од 28 до 30 мај) во Шлагелсе, Данска ќе се игра и вториот турнир од А групата. 
 
Капитенот Никола Ѓорѓиев верува дека оваа селекција конечно е спремна да го освои и златниот медал во ова натпреварување и најавува дека на сите натпревари црвено-жолтите ќе атакуваат на победи.