Македонија
23. December 2018 - 17:30

Никола е најбрз Дедо Мраз во Скопје, а Рената најбрза Баба Мразица

Празничната еуфорија во Скопје денеска беше засилена со дедомразовска трка. Во центарот на главниот град, OGROMEN BROJ мали и големи учесници облечени во костими на Дедо Мраз ја истрчаа патеката долга два километра, која покрај забавен имаше и натпреварувачки карактер.

За учесниците, забавата основен мотив за присуство на трката:

Дедомразовската трка се одржува по јубилеен 5-ти пат, со што Скопје се придружува кон светските метрополи кои одржуваат ваков настан

За најбрзите – Никола Таневски во машка и Рената Соколовска во женска категорија беа предвидени награди, а најмалите учесници во трката ги добија заслужените пакетчиња.

Во меѓувреме течат и подготовките за прославувањето на верските празници. Традиционално по 27-ти пат, во месноста Говрлевска краста на Водно беше организирана средба на скопјани со кумот и здравичарот, во организација на Здружението за традиционална прослава на Бадник.

Граѓаните, пак, ги споделија традициите за Бадник и очекувањата за претстојниот период

Средбата почна со симболичното сечење на бадниковото гранче, по што на скопјани им беше соопштено дека се е подготвено за централното одбележување на Бадник, на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.