Свет
4. January 2019 - 13:28

„Никој немаше освен снајперистите“ - Трамп помина кошмарен Божик во Белата куќа

Доналд Трамп прослави, како што сам вели „кошмарен Божик“. Додека семејството му беше во резиденцијата на Флорида, а соработниците отпатуваа поради празниците, американскиот претседател беше сам во Белата куќа.

„Знаете, бев во Белата куќа потполно сам, 6-7 дена. Семејството ми отиде на Флорида и се чувствував многу осамено“, им се пожали на своите соработници и додал дека гледал телевизија и така го убивал времето.

„Бев потполно сам, а ова е голема куќа. Никој немаше освен снајперистите. Дури во еден момент им мавтав, но тие се луѓе кои не сакаат играчки. Не мавтаат, дури не се ни смеат. До последен момент се надевав дека некој ќе ми дојде и ќе ми понуди некои преговори, но и тоа не се случи“, рече Трамп. Имено додека трае блокадата на американската влада, Трамп одлучи дека не сака да си оди од Белата куќа. Додека чекал некој да му понуди решение, американскиот претседател си останал сосема сам.

Како што пренесуваат медиумите, тоа многу тешко му паднало, зошто наводно на првиот состанок на кабинетот после празниците. Повеќе од еден час се жалел за „најлошиот“ Божик во животот. Друштво му правело само обезбедувањето, кое според неговите зборови не е многу друштвено.