Македонија
24. August 2020 - 16:53

Никој не знае кога и како ќе почне учебната година

Секое училиште по свој терк ќе ја спроведува наставата согласно ресурсите со кои располагаат. Иако се уште нема одлука кога ќе почне учебната година училиштата се подготвуваат. Во ОУ „Гоце Делчев“ во Центар има поголем број училници, па според директорката тие можат да изведуваат комбинирана настава за сите 9 одделенија. Менаџментот изработува план по кој ќе се одвиваат часовите, дури откако ќе добијат насока, ќе ги наместат клупите и столчињата.

Според анкетата која самите ја спровеле, половина од родителите се за онлајн настава. Во тек е обука за наставниците кои ќе предаваат онлајн.

Она што недостасува се насоки и одлуки од надлежните. Се уште  не е усвоен здравствениот протокол во Владата ниту пак датумот за старт на учебната година. До сега е познато дека учениците од прво до трето одделение ќе имаат настава со физичко присуство, останатите онлајн. Со посебна одлука на Влада, училиштата ќе можат да спроведуваат комбиниран модел на настава ако имаат капацитет согласно протоколите.