Живот
20. April 2018 - 21:41

Никој не знае како го преживеа ова: Ја фрли цигарата во дупка, а потоа одлета во воздух

Еден човек имаше голема среќа и избегна сигурна смрт кога фрли отпушок во канализација.

Маж шетал низ улица во Техерна и пушел цигара. Видел дупка во плочникот, и одлучил тука да го фрли отпушокот, а кога го направил тоа, следеше голема експлозија.

Од силината на ударот одлетал на земја.

Една од околните камери ја фати оваа незгода, а може да се види како Иранецот отползи неколку метри подолу и едвај успева да се исправи.

Има сомнение дека претходно непознатиот маж во истата дупка фрлил црн прав, веројатно барут.