Македонија
25. November 2019 - 16:39

Никој не признава дека дал дозвола на ,,Шверцери‘‘ да слават во МНТ, а театарот ги брои штетите

Уништени орнаменти, расклатени седишта, отпушоци од цигари-вака изгледа МНТ, откако по повеќе часовен молк од надлежните, медиумите добија дозвола да влезат внатре. Освен во салата, штета има и во тоалетите. Вработените велат дека штетата е голема, за нив ова е  незамисливо.

По рекации на социјалните мрежи за настанoт кој се претворил во безредие, реагираше и премиерот Зоран Заев кој оцени дека навивачите се однесувале недолично.Од Владата пак побараа одговорност од организаторите.

Вандализмот го осуди и опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Спротивен став има пратеникот Артан Груби кој присуствуваше на прославата.

Против однесувањето на навивачите нема ништо против ниту министерот за образование, кој пак рече дека секој може да си слави на својначин доколку нема говор на омраза.

Дивеење е упадот, тепањето и скандирањето во Собрание на 27 април, а не прослава на навивачи, каде што се очекува скандирање,пеење, но не и вандализам и насилство кое што би го осудил во секој момент. Сметам дека реакциите се абсурдни, лицемерни и преставуваат класична намерна политичка злоупотреба на настан во функција на предизборна пропаганда, вели Арбер Адеми.

Иако надлежните тврдат дека не биле информирани дека ќе присуствува и навивачката група, токму Шверцери уште минатата недела преку фејсбук го најавиле нивното присуство. Тие тврдат дека не уништиле ништо, само навивале а целта била да се оццрни нивното име.

Навивачката група „Шверцери“ во петокот прослави 30 години постоење во просторот на МНТ.