Живот
17. May 2016 - 11:11

Никој не му дошол на роденден: Мајка му се објавила на Фејсбук, но ова не го очекувала!

Рејчел Брајан совршено го испланирала роденденот на својот четири годишен син. Поканиле 12 негови другари, подготвиле голема торта во облик на омилениот негов супер херој, грицки, сок и ги чекале гостите.
 
Но, гостите не се појавиле.
 
Збунетата мајка ги контактирала родителите на момчињата. Некои се извиниле со оправдување дека се спречени, а другите не дале ниту соодветен одговор.
 
Целата во очај Рејчел обајавила на Фејсбук што се случило и побарала помош од луѓето да и дадат идеја како би го расположила својот син.
 
Пораката ја објавила на страницата Midnight Mums.
Потоа се случило чудо. Стотина честитки почнале да пристигнуваат, а на Рејчел и стигнала порака да го однесе својот син во блискиот ресторан за брза храна.
 
Рејчел истото го направила, а таму ги чекало изненадување – во ресторанот се собрале  околу 30 деца со подароци и честитки за Тенон.
 
Сите заедно уживале, се смееле и дружеле, иако никогаш порано не се виделе, а Рејчел со гордост го гледала лицето на својот син кое постојано се смеело.