Никој не може да го објасни ова чудо: Бил мртов 21 минута, а потоа оживеал на пат за мртовечница - еве сега што вели тој
Еден поштар од Англија „оживеал“ по 21 минута откако лекарите го прогласиле за мртов и наречен е „чудо од човек“ бидејќи се вратил во живот додека го носеле во мртовечница.
Жоао Арожо (48) бил зад воланот со својата жена кога му се слошило и се онесвестил.
По шест часа обидувајќи го да го вратат во живот, лекарите на неговото семејство му соопштиле дека починал.
Медицинските сестри го носеле од интензивна нега во мртовечница и тогаш почнале да забележуваат дека нешто се помрднува. Го вратиле на одделение каде се покажало дека Жоао е жив.
Лекарскиот тим рекол дека не постои точно објаснување за тоа што му се случило, како и тоа дека можел по три недели да се врати на работа. Во неговиот здравствен картон стои дека му се случило „спонтано враќање на циркулацијата“, а Жоао бил на одделение за срцеви болести каде го добил прекарот „чудо од човек“.
- Тоа ме промени. Секој ден повеќе ги ценам работите. Секој ден се заблагодарувам што сум жив, и велам благодарам што имам работа. Повеќе го ценам своето семејство и пријателите, вели тој.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани