Живот
26. December 2018 - 19:03

Никогаш веќе немојте да ја перете облеката на 30 и 40 степени! Еве зошто!

На колку степени ја перете шарената облека?

Ако одговорот е на 30 или 40 степени, имаме лоши вести за вас.

Имено, температурата на перење од 40 степени е на самата граница, но 30 е критична, бидејќи многу бактерии, како што е Ешерихија коли, успеваат да преживеат и на 37 степени!

Па така, ако ја перете облеката на пониска температура, бактериите многу лесно може да се задржат на ткаенината и потоа да се пренесат.

Со оглед на тоа што температурата од 40 степени е на самата граница, микробиолозите советуваат да не ја перете облеката на температура помала од 60 степени, а особено немојте да штедите при перењето детска облека!

Треба ли дополнително да се нагласи дека долната облека, пешкирите, кујнските крпи и постелнината треба исклучиво да се перат на 90-95 степени?