Никогаш поблиску не бил крајот на светот: Огромен астроид помина премногу блиску до Земјата | Сител Телевизија
Живот
17. April 2018 - 10:19

Никогаш поблиску не бил крајот на светот: Огромен астроид помина премногу блиску до Земјата

Астероидот 2018 GE3, кој според проценките на експертите е со големина на фудбалски терен, помина „алармантно близу Земјата “ во неделата наутро.

Астероидот кој имал пречник нешто повеќе од 45 метри бил поблиску до Земјата отколку Месечината, која орбитира на раздалеченост од околу 385.000 километри од нашата планета.

Според извештаите на НАСА, само неколку часа откако е регистрирана најблиската раздалеченост на астероидот 2018 GE3 од нашата планета, тој се повеќе се приближил до Месечината.

Неговите димензии биле меѓу три и шест пати поголеми од обемот на вселенскиот камен кој во 2013 година падна во Русија и поради кој околу 1.500 луѓе биле присилени да одат во болница.

Дека GE3 влегол во Земјината атмосфера, научниците претпоставуваат дека ефектите би биле слични, само што штетата би била посериозна и поголема, со потенцијално поголем број на повредени.