Живот
26. November 2016 - 11:29

Никогаш немојте да го вкрстувате приборот за јадење - Еве зошто!

Ќе се сложите дека времињата се такви што не ви треба дополнителна доза несреќа во животот. Според некои верувања на себе и на семејстото можете сосема несвесно да навлечете несреќа, доколку направите некои работи на одреден начин.
 
Во некои случаи од лошите духови ќе се заштитите ако со прстите направите облик на крст.
 
Овде имате список за она што би требало да го избегнувате доколку не сакате да ве снајде несреќа:
 
Не отворајте чадор во затворен простор, дома или на работа, ако не сакате сите несреќи на овој свет да ви паднат на глава.
 
Постои теорија дека не е опасно во просторија да се отвори наводенет чадор и да го сушите, бидејќи пред отворањето бил надвор. Несреќа носи само отворање на сув чадор кој пред тоа не бил надвор.
 
Не кревајте чадор од подот ако ви падне бидејќи тоа е довикување на несреќа-нека го подигне некој друг за вас.
 
Не одете под скали положбата на скалата е триаголник, а ако поминете под нив ја предизвикувате судбината и злите духови. Ако баш мора да поминете, ќе се заштитите од злото така што со прстите или рацете ќе направите крст додека поминувате.
 
Не истурајте сол, но ако ви се случи тоа-земете со прстите малку од солта и фрлете ја преку левото рамо. Така ќе ги смирите злите духови и ќе ги истерате од себе.
 
Избегнувајте црна мачка, односно внимавајте да не ви го пресече патот по кој одите. Тоа би можело да навлече зла судбина на вас бидејќи се смета дека тоа е знак дека самиот ѓавол ве набљудува и сака да ви наштети.
 
Наводно, добро е да се направат три чекори наназад или три пати да се плукне и дури тогаш да продолжите понатаму.
 
Не дишете покрај гробишта бидејќи тоа е голем ризик за вашата среќа. Имено, здивот треба да го задржите додека поминувате покрај гробишта за да не вдишете нечија душа.
 
Не ставајте капа на креветот-на косата може да се најдат лоши духови кои од неа ќе поминат на капата, а преку капата во семејниот дом- а тоа носи несреќа.
 
Не го вадете венчалниот прстен од прстот-еднаш кога ќе се стави на прст, таму мора да остане.
 
Не палете цигара од свеќа-тоа е довикување на смртта, а се верува дека може да настрада и некој морнара.
 
Не палете три цигари со едно ќибритче.
 
Не ставајте чевли на маса-тоа се прави само кога ќе умре некој.
 
Не убивајте пчела во домот бидејќи некој непријател ќе ви дојде во посета.
 
Не стојте на средина во текот на фотографирањето. Ако се фотографираат тројца луѓе-оној што е во средината ќе умре прв.
 
Не ставајте го бебето пред огледало-несреќа е ако се види, а е помало од шест месеци.
 
Не користете црна патна торба тоа носи несреќа.
 
Не го вкрстувајте приборот за јадење, односно внимавајте со него да не направите облика на крст - тоа ќе предизвика несреќа во домот.
 
Не носете стара метла кога се селите купете нова.