Живот
27. April 2018 - 10:43

Никогаш немате доволно пари!? Направете вазна за привлекување на богатство, и парите секогаш ќе бидат до вас

Малку магија не е на одмет , посебно бидејќи оние кои ја пробале раскажуваат дека навистина успева.

Постојат луѓе кои мислат дека парите можат да се добијат исклучиво само како резултат на напорна работа. Меѓутоа има и такви кои веруваат дека некој ритуал може да им помогне. Некои од тие ритуали се многу стари и имааат врска со Фенг Шуи.

Всушност постојат многу различни ритуали за привлекување на пари. Во зависност од културата, верувањата , луѓето се склони да привлекуваат пари на различни начини, а најпопуларен е оној ритуал кој се однесува на правењето на ” вазна на богатство”.

“Вазна на богатството” преставува широко распостранет начин за привлекување на пари и благосостојба во куќата. Се смета дека потекнува од древна Кина , а со популарниот Фенг Шуи се расширила по целиот свет. Во денешно време многу се практикува оваа метода ширум целиот свет , а посебно во САД.

Повеќе од сигурно е дека ваквата вазна во вашата куќа не би донела ништо негативно , па не е на одмет да се обидете да ја направите. Во античка, но и модерна Кина, оваа вазна е обично украсена со специфични кинески симболи, но ако сакате да пробате, можете да ја искористите вазната што ја имате дома. Таа, исто така може да биде со некои домашни, традиционални симболи или модерен дизајн.

Вазната што ќе ја користите за овој ритуал може да биде од било каков материјал. Стакло, керамика, метал, порцелан … Стомакот на вазната треба да биде широк, а вратот, многу тесен и долг. Ова е од огромно значење, бидејќи на тој начин симболично го покажува долг остаток на пари во вазната.
Во вазната треба да го вметнете следново:

1. Седум различни кристали или полу-скапоцени камења. Рубин, сафир, дијамант, планински кристал, цитрин, јаспис, розов кварц, смарагд, тигарско око …

2. Црвенo ташниче со пари во валутата што се користи во земјата во која живеете. Износот на парите треба да биде 998 единици од валутата (998 евра, денари, куни, марки, швајцарски франци …) 998 е број кој се смета за исклучително поволен и носи среќа во стекнувањето на пари.

3. Три или девет кинески монети кои мора да бидат врзани со црвена лента или црвен конец. Ако не можете да најдете, тогаш земете локални монети.

4. Остатокот од вазната треба да се наполни со пет видови растенија што се користат во исхраната. Можете да ставите пченица, пченка, јачмен, леќа, ориз и ореви, како и лешници, бадеми и слично.

5. Во прилог на сите од горенаведените, можете да внесете (не мора) дел од златен накит или друг накит од вредност.
Она што е најважно е да вазната ја тргнете од непожелни погледи , односно вазната не треба да стои на видно место, на пример веднаш по влезот во куќата или станот. Најдобро е да ја ставите во спалната соба , бидејќи таму не влегува никој непознат. Доколку овој ритуал го изведете успешно и не направите грешка , оваа вазна со години ќе ви привлекува пари , во домот , но не само вас лично , туку и на целата ваша фамилија.