Живот
8. February 2017 - 23:05

Никогаш не е касно - Бразилка на 106-годишна возраст стана најстарата невеста на светот

 
Пензионерка од Бразил се спротивстави на советите на докторите и стана најстарата личност која некогаш се верила и разменила брачни завети.
 
На 106 годишна возраст, Владемира Родригез го кажа судбоносното „да“ пред својот 66-годишен партнер, Апаресидо Дијаз Јаков и покрај советите на лекарите да не го прави тоа поради кревкото здравје.
 
Вљубените бабичка и дедо кои заедно имаат 172 години се запознале во пензионерскиот дом во Пирасунунга, југоисточен Бразил, каде што престојувале.
 
Двајцата изјавија дека нивната љубов е доказ за тоа дека луѓето можат да најдат сродна душа на секоја возраст.