Свет
11. јуни 2019 - 8:27

Никарагва пушта на слобода политички затвореници согласно нов закон за амнестија

Властите во Никарагва соопштија дека пуштаат на слобода 50 политички затвореници во согласност со новиот закон за амнестија.

Со новиот закон се дава амнестија на уапсени во изминатата година во рамките на демонстрации против владата.

Уличните протести во Никарагва почнаа во април минатата година, кога претседателот Даниел Ортега направи обид да се намали социјалната помош што предизвика демонстрации против неговото владеење.

Новиот закон предвидува заштита за луѓе кои не биле под истрага, кои се под истрага или се изведени пред суд за кривичен процес или кои издржувале казна. Законот, исто така, им забранува на ослободените политички затвореници повторно да учествуваат во демонстрациите против владата.

Повеќе од 700 лица беа уапсени на демонстрациите против владата на Ортега, а 325 демонстранти загинаа во судирите со безбедносните сили, велат организации за човекови права. Повеќе од 60.000 жители на Никарагва емигрирале поради политичката нестабилност во изминатите 14 месеци.