Свет
17. јуни 2016 - 8:42

Никарагва протера американски претставници

Никарагва протера тројца претставници на владата на САД, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

- Мерката е преземена од властите на централноамериканската држава во вторникот. Тоа може да влијае врз односите меѓу САД и Никарагва, во трговијата и други сфери, предупреди Кирби.

Тој не прецизира дали САД ќе преземат реципрочни мерки.

Никарагванскиот претседател социјалист Даниел Ортега одамна е во тензични односи со САД и проблемите датираат од граѓанската војна во државата во 80-те години на митатиот век. Тогаш ЦИА обучуваше и финансираше одреди кои се обидуваат да го соборат од власт. Откако стана одново претседател во 2007 година, Ортега е во сојуз со Венецуела и други режими во Јужна Америка, противници на политиката на САД.