Македонија
24. February 2016 - 8:16

Никаде без чадор, ќе врне цел ден

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Температурата ќе се движи од девет до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Температурата ќе достигне до 14 степени.

Потоа следи период на променливо облачно време без промена на дневната температура, а локален дожд ќе има во петок.