-->
-->
Нигерија упати воен брод кон Гамбија поради претседателот Џамех
-->
Нигериската морнарица денеска потврди дека нејзин воен брод се упатил кон Гамбија, но наведе дека во прашање е „демонстрација на присуство“ и „вежба“, а не предупредување до таа држава.
Западноафриканскиот блок претходно соопшти дека се подготвени за воена интервенција во Гамбија ако нејзиниот досегашен претседател Јахја Џамех продолжи да одбива да отстапи од власта иако загуби на изборите во декември.
Парламентот на Гамбија денеска изгласа продолжување на мандатот на претседателот за уште три месеци. Џамех кој со Гамбија владее од 1994 година по државен удар, тврди дека резултатите од изборите се нерегуларни. Тој вчера прогласи тримесечна вонредна состојба.
Туристичките агенции од утрово евакуираат странски туристи од Гамбија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“