Свет
25. December 2015 - 8:48

Нигерија: Најмалку сто загинат во експлозија на фабрика за гас

Најмалку сто лица загинаа во експлозија во фабрика за гас на југот на Нигерија.

Несреќата се случила во градот Неви, а загинале главно клиенти на фирмата кои ги полнеле балоните со гас.

Експлозијата и пожарот што уследил биле толку силни што во нив настрадале и некои жители на најблиските куќи и минувачи.

Неколку тешко повредени луѓе се превезни во градската болница.