Свет
13. August 2015 - 8:34

Нигериец осуден на 22 години затвор во САД поради терористичка активност

Нигериец беше осуден на 22 години затвор во Њујор по обвиненија за помагање терористички активности. Тој бил осуден поради давање материјална помош за Ал Каеда на Арапскиот полуостров.

Мажот учествувал во напорите на Ал Каеда во Јемен за ширење пропаганда и поттикнување на терористички активности.

Лауал Бабафеми (35) бил екстрадиран од Нигерија во 2013 година. Според американските обвинители тој патувал во Јемен во 2010 година за да и помага на група поврзана со Ал Каеда да регрутира луѓе.