Македонија
6. December 2021 - 16:36

Ни судот не и помогна на Елизабета да ги оствари своите работнички права во ЈСП

Ниту судски пресуди не се доволни за вработена од ЈСП да ги оствари своите работнички права. Елизабета Тошевска, која повеќе од 35 години работи во тоа јавно претпријатие, веќе 5 години ја бара правдата по судски пат. Една од тужбите е дека работодавачот неосновано ја деградирал на друга работна позиција за помала плата. Иако Судот одлучил во нејзина корист и Апелација ја потврдила пресудата, ЈСП сè уште не постапува согласно одлуката, иако се изминати роковите.

Од ЈСП до сега не добивме одговор зошто претпријатието не постапило согласно судската одлука.

Од Државниот инспекторат за труд се запознаени со случајот, но велат дека немаат надлежност да постапуваат кога се работи за судски одлуки.

Тошевска сега преку извршители ќе бара ЈСП да ја обештети и да ја врати на старото работно место.

Покрај двете добиени тужби до сега, за регрес за годишен одмор и за враќање на старото работно место, Тошевска води уште судски постапки со работодавачот за мобинг на работното место.