Македонија
8. March 2021 - 16:54

Ни полицискиот час нема да го одложи априлскиот попис

Полицискиот час нема да го одложи теренскиот дел од пописот. Министерот Филипче вели дека засега нема потреба од вакви челори иако будно се следи епидемиолошката состојба според која се носат мерките.  

Засега не, сакаме да го ублажиме овој тренд на зголемен прием на пациенти кон болниците, така што гледаме и нови мерки и други препораки будно ја следиме состојбата. Засега освен ова не препорачуваме ништо друго, рече Филипче

На иста линија е и првиот човек на Државна статистика. Симовски вели дека полицискиот час од 22 часот навечер до 5 часот наутро нема да влијание врз организацијата на пописот. Протоколите со кои ќе се спроведува теренскиот дел се донесени уште во ноември кога епидемиолошката слика беше многу полоша од сега, а за вакцинација на попишувачите веќе е доцна.

За разлика од Македонија, пандемијата го одложи пописот во повеќе европски земји меѓу кои Германија, Романија, Хрватска и Србија. 

Токму ова е еден од аргументите на опозициската партија  која бара пописот на населението да се спроведен следната пролет. ВМРО-ДПМНЕ до Собранието веќе поднесе Закон за поништување на тековниот попис, поддржан со 100.000 граѓански потписи.