Македонија
2. January 2018 - 14:00

Ни на крај памет не и дошло дека пред врата ќе и се случи ова - скопјанка преплашена до смрт

Млада скопјанка вчера доживеала вистински пекол на влезот од својот дом. Како што информираат од полицијата,  утринава во  3:15 часот  26-годишната Т.Е. од Скопје пријавила дека истиот ден  околу 01:30 часот, на улицата „23-ти Октомври“ во Скопје, пред влез од зграда, од страна на машко лице извршено и е разбојништво при што и бил одземен ранец во кој имала паричник со лични документи и картички, 2.000 денари, мобилен телефон, полнач за мобилен и други работи. 

Со извршеното дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 35.000 денари.

Полицијата трага по сторителот.