Спорт плус
19. јуни 2016 - 11:59

Н.Ѓоргиев: Не ги потценувајте „сребрените“

Македонската одбојкарска репрезентација со шест победи го освои првото место во групата. Вчера Македонија по вторпат ја победи Бугарија со 3-1 во сетови на задоволство на присутните гледачи во СЦ „Борис Трајковски“.
Најдобар играч на натпреварот беше капитенот на Македонија Никола Ѓорѓиев со вкупно 28 поени. Тој има вкупно 178 поени во целата лига досега или 70 повеќе од најблискиот ривал Петер Троле Бонесен од Данска.
За победата над Бугарија Ѓоргиев изјави:
- Голема победа споивме радост, задоволство и квалитетна игра. Во првиот сет беше присутен замор од претходните дуели и затоа грешевме. Но, се вративме кога требаше. Во Варна имаме шанси за успех и освојување на златниот медал.
За евентуалниот следен ривал во полуфиналето капитенот истакна:
- Австрија ја победи Белорусија и единствено ако Естонија „бира“ противник нема да играме против Австрија. Тоа е посакуван противник (Австрија) за нас. Играме последните 2-3 години со нив и сме ги победувале.Имаме два дена пауза и почнуваме да се подготвуваме. Тактиката ќе биде многу важна. Никогаш не ги потценувајте „сребрените“ од лани.
Во последниот сет селекторот Жарко Ристоски играше со играчите кои воглавно се на клупата или имаат многу мала минутажа.
- Младите многу се жртуваат за нас „првите шест“, многу ни помагаат на тренинзите. Тие во ниеден момент не кажале ништо лошо и никако да ја нарушат атмосферата, иако се свесни дека нема да влезат јас сум им благодарен. Ова беше задоволство за сите во четвртиот сет, иако селекторот сакаше да играме сите, сепак помладите останаа на теренот. Денес и утре ќе прославиме, ќе се одмориме, а потоа од вторник повторно на работа, заврши Ѓоргиев.
Македонија противникот во полуфиналето ќе го дознае денеска откако ќе се одигра натпреварот од групата Б меѓу Естонија и Австрија.  
 
фото: www.cev.lu