Незири во Виена на конференција за западен Балкан
Министерот за економија Беким Незири отпатува за Виена, каде што ќе учествува на дводневната конференција за западен Балкан, на која ќе присуствуваат премиерите, министрите за економија и за надворешни работи на Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Македонија, Србија и Косово, соопшти Министерството за економија.
Во текот на утрешниот ден министерот Незири ќе присуствува на деловниот појадок со топ 15-те австриски инвеститори во западен Балкан и ќе учествува на Тркалезната маса на министерите за економија, на тема „Економски просперитет и инфраструктурно поврзување“.
Дводневниот собир е дел од Берлинскиот процес кој минатата година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, со цел да се поттикне процесот на приближувањето на западен Балкан кон Европската унија. Покрај домаќините, австрискиот канцелар, германската канцеларка и високи претставници на ЕУ, на самитот ќе учествуваат и претставници на Франција и Италија, кои изразиле подготвеност да бидат домаќини на некој следен самит, како и Словенија и Хрватска, кои го поддржуваат процесот на приближувањето на регионот кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација