Македонија
10. August 2020 - 16:37

Независниот синдикат на градежни работници против уривање на Универзалната сала

Со малку пари може да се санира Универзалната сала и овој објект да се зачува тврдат градежните работници од независниот синдикат. Обвинуваат дека градската власт останала без пари па со проект за уривање сака да ја наполни касата. Во одбрана на Универзална застанаа и од здружението МАКАМТРАНС. Се сомневаат дека исечените елки пред објектот се најава за уривање на објектот.  

Од Град Скопје реагираа дека се не точни тврдењата дека пред Универзалната сала се сечат елки стари 50 години. Тврдат дека е отстрането само дрво кое било оштетено од невремето.

„До нашите служби пристигнаа голем број пријави и фотографии од граѓаните дека на таа локација е паднато дрво. Поради тоа, екипите на Град Скопје го отстранија паднатото дрво и го расчистија просторот.“

Градоначалникот Шилегов објави три опции за Универзална сала за кои експертите треба да одлучат. Едната опција е да се урива објектот и да се изгради нова сала на истата локација, втората е да се сруши постоечката и да се зашитити овој простор и третата опција е да се реставрира старата и да се гради нова мултифункционална сала на друга локација. Граѓанска иницијатива повика на протест утре пред Универзалната сала за да кажат НЕ за уривање на објектот.