Македонија
16. November 2018 - 17:39

Независниот полициски синдикат во понеделник излегува на протест со барање за двојно зголемување на платите

Со блокирање на повеќе улици и булевари во центарот на Скопје, независниот полициски синдикат во понеделник ќе бара повисоки плати. Незадоволни со најавеното покачување од 5% во септември идната година, од синдикатот посочуваат дека власта не ги сфаќа сериозно нивните барања за издвојување повеќе средства во државниот буџет за шумската, судската и затворската полиција. Очекуваат на протестот рамо до рамо со нив да застанат и други синдикални организации.

Во изминатите месеци независниот синдикат на полицијата преку повеќе протести побара брзо усвојување на законите за спроведување на санкции, потпишување колективни договори, нови вработувања и нови униформи за полицијата.

Во септември годинава затворската полиција доби и лично ветување од министерка за правда дека нивните барања ќе бидат исполнети, но велат  во буџетот за 2019та тие средства  не се предвидени.