Македонија
19. November 2018 - 16:26

Независниот полициски синдикат се откажа од протестот, но не и од барањата за повисоки плати

Независниот полициски синдикат не отстапува од барањето за повисоки плати. Незадоволни со најавеното покачување од пет проценти во септември идната година, тие денеска требаше да блокираат повеќе улици во центарот на Скопје, но протестот беше откажан поради временските услови на патиштата.

Од Синдикатот велат дека со последната распределба на државните пари, се игнорираат нивните барања за покачување на платите за шумската, судската и затворската полиција од минимум 10 отсто

Синдикалците му порачаа на премиерот Заев да ги земе предвид нивните барања

Од Независниот полициски синдикат бараат Буџетот да биде скроен врз база на потпишаните колективни договори, а очекуваат за овие нивни барања да добијат поддршка и од другите синдикални организации.