Независниот академски синдикат бара Собранието да расправа за ветеното покачување на платите
Независниот академски синдикат (НАкС) повторно денеска упати апел за итно закажување на расправа во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика, со што велат, ќе се откочи процедурата за усвојувањето на дополнувањето на Законот за исплата на платите кое предвидува покачување на платите во високото образование од 10 отсто.
Од Синдикатот посочуваат дека денеска испратиле барање за средба со Влатко Ѓорчев, претседател на Комисијата за труд и социјална политика, пред одржувањето на закажаната седница на Комисијата во 14.00 часот, со цел да ја образложат уште еднаш важноста од усвојувањето на Законот за дополнување на Законот за исплата на платите во РМ по скратена постапка, но, наведуваат, одговор на барањето не добиле, а во меѓувреме седницата на Комисијата повторно била одложена.
-Апелираме уште еднаш за итно закажување на расправа во матичната комисија, со што ќе се откочи процедурата за усвојувањето на Законот кој предвидува покачување на платите во високото образование од 10 отсто. Доколку тоа не го стори претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, бараме од претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно неговите надлежности, да ја закаже седницата на Комисијата за труд и социјална политика. Потсетуваме уште еднаш дека доколку Собранието не го изгласа Законот пред да се распушти, ќе стане јасно дека ветеното покачување на платите во високото образование претставува само предмет на предизборни партиски надмудрувања, кои се прекршуваат врз грбот на вработените во високото образование, стои во соопштението од НАкС.
Ново на Сител
-
Меџити: Законот за употреба на јазиците е тема поради половични и нецелосни решенија на политиките на ДУИ
-
Стапката на невработеност 12.3 отсто
-
Од 15 декември „Новогодишна потрошувачка кошничка“
-
СДСМ: Новогодишната кошничка без ефект
-
ДУИ: Не одговараме за тоа што ќе се случи ако уставен ја укине двојазичноста
-
Тик-ток прати 11 деца во скопската болница
-
Магла до 50 метри на планинските премини Буково и Пресека
-
Обвинение за четири лица за нередите на Денот на знамето