Независниот академски синдикат бара поголеми плати
Независниот академски синдикат (НАкС) ја поздравува одлуката на Владата за зголемување на платите во образованието, но реагира на тоа што таа важи само за основното и средното и не го опфаќа високото образование.
Овој синдикат бара од Владата веднаш да го зголеми буџетот наменет за платите на вработените во јавните високообразовни и научни установи и да најде начин за елиминирање или ублажување на, како што наведува, фрапантните разлики во платите меѓу професорите и истражувачите вработени на различни јавни високообразовни и научни установи, а особено на различни единици во нивниот состав.
- Со оваа реакција сакаме да го искажеме нашето со години напластувано незадоволство од висината на буџетските средства за исплата на платите во секторот високо образование и наука и да апелираме до Владата да направи анализи со кои ќе согледа дека примањата на вработените во некои од јавните универзитети, единици во нивниот состав и јавни научни установи години наназад се на срамно, понижувачко и супстандардно ниво, наведува НАкС во допис до медиумите.
Синдикатот е подготвен да понуди стручна помош при изнаоѓањето модалитети за справување со нееднаквоста која, додава во реакцијата, покрај социјалниот аспект, содржи елементи на неправедниост и креира тензии во секторот.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители