„Независни Грци“ остана без уште еден член поради договорот со Македонија
За помалку од 12 часа, коалициониот партнер во грчката Влада, Независни Грци остана без двајца членови. Откако Димитрис Каменос вчера ја поддржа иницијативата на Нова демократија за недоверба на Владата и беше избришан од партијата, денеска и неодамнешната портпаролка Магдалена Пападопулу соопшти дека си заминува.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Магдалена Пападопулу, која од позицијата портпарол на Независни Грци пред пет дена беше поставена за одговорна за координација во партијата во пресрет на изборите, преку нејзиниот „Фејсбук“ профил пред потпишувањето на договорот во Преспа, објави дека си заминува од „Независни Грци“.
- Мојата совест ми наметнува да се повлечам од активната политика и да си се вратам дома. Одвратниот договор што произлезе од криминалните политики во минатото не треба да се потпише од министерот за надворешни работи и од никој друг, напиша Пападопулу на Фејсбук.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите