Независни Грци бараат Папахристопулос до утре наутро да им го отстапи пратеничкото место
Едногласно побаравме од Папахристопулос до почетокот на расправата за интеграција на Скопје во НАТО, на пленарната седница да им го отстапи пратеничкото место на Независни Грци, како што самиот вети, рече претседателот на Независни Грци, Панос Каменос, по денешниот состанок на парламентарната група на партијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Танасис Папахристопулос, кој гласаше за Договорот од Преспа и ќе гласа за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, одбил до утре наутро да го отстапи пратеничкото место, а Каменос истакна доколку навистина не го стори тоа, тогаш лично тој ќе го избрише од пратеничката група на Независни Грци.
-Папахристопулос одби да го стори тоа, велејќи дека на господинот Вуцис му ветил дека ќе гласа за влез на Скопје во НАТО. Му разјаснивме дека ние веќе не можеме да толерираме дополнително продолжување на овој случај. При првото гласање го прифативме, во смисла дека рече дека ќе го отстапи пратеничкото место, оттука, не постои веројатност, Независни Грци, каква и да е цената за ова, да дозволиме член на нашата парламентарна група да ја егзекутира Македонија , истакна Каменос.
Како што минатата седмица објави МИА, Танасис Папахристопулос од Независни Грци, бил подготвен да си поднесе оставка, но рече дека на средбата со Никос Вуцис, претседателот на Парламентот го замолил оставката да ја одложи за неколку денови, односно откако ќе се гласа за протоколот за НАТО.
Ново на Сител
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол