Бизнис
18. May 2021 - 16:46

Независни анализи треба да покажат каков квалитет имало брашното вратено од Косово

Косовскиот пазар и натаму затворен за дел од македонското брашно. Се чекаат резултатите од супер анализата на мострите од трета стандардизирана лабораторија, која треба да утврди дали брашното кое беше вратено ги исполнува условите да биде пласирано на косовскиот пазар. Ова е договорено на денешната средба меѓу мелничарите и министерот Бектеши. Ваква анализа може да побара увозникот или производителот.  Во меѓувреме Бектеши  посочи дека тече извозот на македонскиот брашно на Косово, спорни се само неколку количини од одредени мелничари.

По состанокот мелничарите се надеваат дека министерот Бектеши во најкраток можен рок ќе најде решение на проблемот и повторно ќе има непречен извоз на Косово.

Речиси еден месец македонско брашно не се извезува на Косово. Досега од таму  вратени се 300 тони со образложение дека  количините не ги исполнуваат критериумите за нивото на железо и фолна киселина.  Косово е еден од најважните пазари за домашните мелничари. Пред пандемијата таму се извезивале над 8.000 тони, а лани поради коронакризата овој извозот на брашно  бил преполовен.