Македонија
1. October 2019 - 10:17

Независна ПГ на ВМРО-ДПМНЕ: Не сме одговорни за закочувањето на изборот на државен ревизор

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, остро ги отфрла шпекулациите дека изборот на државен ревизор и други значајни прашања, е закочен поради нашето легитимно барање да ги добиеме позициите кои ни следуваат според Деловникот на Собранието.

Воедно, ја информираме јавноста дека нашето барање е поднесено на последната седница на Комисијата за избори и именувања, а ревизорот не е избран веќе 2 години.

Власта и опозицијата да нé манипулираат и да почнат да се однесуваат поодговорно и да не бараат изговори за својата неефикасност , туку да понудат решенија во интерес на граѓаните.