Живот
20. September 2017 - 19:20

Незапаметено злосторство: Го пуштиле од психијатриска болница, па на бебе му отсече глава, едвај го совлада полицијата

Убиец, пуштен од психијатриска болница му ја отсекол главата на 18-месечно бебе, а потоа со ножот тешко ја ранил и мајката на бебето, инаку негова внука.

Михаил Елински пред шест гоини ја убил сопругата и Татјана, неговата внука побарала од властите да не го пуштаат од психијатриската болница.

View image on TwitterView image on Twitter

Очајнички сакала да ја спаси својата ќерка Наталија, но била избодена додека дошла до кујната каде било нејзиното бебе.

-Погледнете како заврши. Сакавме да излеземе, мојата ќерка беше на својот трицикл. Ја извади, ја зграпчи и ја однесе во кујната. Ја затвори вратата и почна да ја сече. Се обидов да го спречам, се стрчав во кујната, но тој ми забоде нож во стомак, рече таа.

Инаку, локалните медиуми велат дека човек трчал по улица држејќи ја отсечената бебешка глава. На полицијата им требало половина час за да го задржат. Одведен е во болница со три рани од куршум, каде и починал.