Балкан
1. August 2018 - 21:39

Незапаметено невреме го погоди Врање: Водената стихија ги однесе патиштата и мостовите, мештаните не паметат ваква бура

Низата краеви во Србија опустошени од дождот и несекојдневната бура, продолжува, а овој пат најголема штета претрпе општината Врање.

По утврдувањето на огромната штета од надојдената вода во пољаничкиот крај, градските власти во Врање материјано ќе ги помогната мештаните на селата, Власе, Секирје, Смиљевиќ, Добрејанци и Ушевце, кои на 31 јули по 16 часот ги погоди незапаметено невреме.

Поради поплавите кои не ги паметат ниту постарите мештани, од светот се отсечени домаќинства во Секирја и Смиљевиќ. Надојдената река Ветерница носеше се пред себе, па се оштетени безмалку сите селски патишта, мостови, имоти, бавчи и дворови.

Ужасна беше глетката во Големо село, во кое здиве Ветерница и го збриша познатито Ацин мост.

Вакво невреме проследено со силен дожд кое погоди околу 22 села во овој крај не се памети во изминативе 40 години.

Ова подрачје го посетија претставници на локалната самоуправа, Одделението за вонредни ситуации и Полициската управа.