Балкан
27. July 2017 - 20:49

Незапаметена трагедија во Турција: Четири лица се удавија во езеро

Четири лица се удавија денеска во езеро во северозападниот турски округ Бурса, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Инцидентот се случил во близина на градот Изник, откако четири лица влегле во езерото за да се разладат. Досега се извадени телата на две жени и еден маж. Се уште не е најдено телото на 14-годишно девојче, кое исто така се удавило.

Капењето во езерото крај Изник е забрането. Во реонот на езерото има соодветни предупредувачки знаци.

Преземена е истрага во врска со инцидентот.