Балкан
12. February 2019 - 10:01

Незапаметена трагедија во Србија: 12-годишно дете се самоуби, а покрај него имало писмо за родителите

Незапаметена трагедија во Србија, момче се уби со пиштолот на татка си, а до себе остави писмо за збогум.

12-годишниот Н.М. извршил вчера самоубиство, пукајќи си во уста со пиштолот на татко му, а покрај безживотното тело во крв е најдено и писмо за родителите.

Лекарите не можеле ништо да направат.

Српските медиуми пишуваат дека детето било шесто одделение, а пиштолот го земало од заклучена фиока каде бил.

Семејството има уште едно дете, помлада сестра.

Соседите велат семејството е добро и културно и ништо не укажувало дека ќе се случи ваков трагичен настан.