Живот
1. March 2019 - 11:20

Незапаметена трагедија во Италија: Татко падна врз својот син од покривот што го поправал, го усмрти на самото место

Пасквале Персиа (14) загина додека му помагал на таткото да го поправи покривот во Капена, гратче покрај Рим.

Во несекојдневната трагедија неговиот татко Габриел (55) се обидувал да ја прицврсти плочата на покривот, кога силен ветар го соборил и тој паднал од покривот врз синот кој му ја придржувал скалата.

Детето изгубило свест, и обидите од неговиот татко да му помогне не вродија со плод и тој наскоро починал/

„Пасквале беше посебно момче, се уште не можеме да веруваме дека така почина“, вели неговата тетка Кристина.

Семејството Пасквале има фирма која се занимава со трговија со дрво. На големиот плац се наоѓа и мала куќа во која детето живеело заедно со своите родители и својата 10-годишна сестра.

Несреќата се случила на 23. февруари вечерта, но околностите не се сосема јасни.

Таткото на детето изгубил рамнотежа поради налетот на ветрото и паднал врз синот. Сепак стрината на жртвата вели дека падот на Габриел нема никаква врска со трагедијата. Пасквале се качина на скалата за да му помогне на таткото со покривот и секако би паднала од висина од 8 метри.

Полицијата нареди обдукција врз телото на детето.

Пасквале уче во првото научно средно училиште во Капена. Негова страст биле видео игрите, технологијата и тркачките мотори. „Во мај ќе наполнеше 15 години и го побара својот прв велосипед за подарок, беше среќен и нестрплив“, вели неговата тетка.