Балкан
31. December 2017 - 18:08

Незапаметена трагедија пред Нова година: Се запалиле сијаличките на елката, две малечки деца изгореа во пожарот

Двегодишно дете и девојче од една година настрадаа во саботата кога, според првичните резултати, се запалиле сијаличките на новогодишната елка.

Незапаметена трагедија се случи во жабарското село Породин, додека мајката била во шталата, каде ја ранела стоката.

-Станува збор за семејството на Мартин Јеремиќ, кој со сопругата Милица пред неколку години се досели во Породин од Јагодина. Слушнавме дека сијаличките на новогодишната елка предизвикале краток спој, дека жар паднал на подот и огнот набрзо се проширил на целата куќа, раскажуваат мештаните од Породин.

Од друга страна, според зборовите на мештаните постои верзија дека детето го отворило шпорето и од него излегла искра, а потоа се разгорел огнот и набрзо се проширил на целата куќа.

-Мајката од шталата го слушнала врисокот на децата, велат очевидци. Потрчала дома, но од огнот не можела да пријде до домот. Несреќната жена веднаш отрчала кај соседите кои повикале пожарникари.

Во страотна трагедија денеска воселото Породин кај Жабари во една куќа изгореа две деца, девојче од една и момче од две години.

-Пожарникарите за десетина минути стигнаа на самото место. Меѓутоа на несреќните деца им немаше спас. Нивните тела се проанјдени во урнатините на куќата, велат мештаните.

Тие раскажуваат дека Мартин, таткото на настраданите деца секогаш го следела тажна судбина.

-Тој во Породин дојде од Свилајнац, зошто во нашето село го посвои човек по има Миро, кој со својот син не беше во добри односи, велат жителите.

-Кобното утро, Мартин отиде во шумата да донесе огрев за семејството. Покрај тоа, работеше најтешки физички работи за да го прехрани семејството, а потоа за само 10 минути остана без ништо!

Основното јавно обвинителство во Пожаревац наложи обдукција врз телата на несреќните деца. Отворена е и истрага за да се покаже причината за избивањето на пожарот и дали ќе има одговорност за оваа несекојдневна трагедија.