Балкан
23. March 2019 - 13:01

Незапаметена драма во Лесковац: Жена со петгодишниот син во рацете се обидела да скокне од зграда

Жена (39) од Лесковац  утрово околу 10 часот се обидела да изврши самоубиство со скок од терасата на зградата во која живеела.

Како што објавија српските медиуми, жената во смрт сакала да скокне со петгодишното дете.

Благодарение на брзата реакција на полицијата и по разговорот од страна на службеници на полициската станица Лесковац, жената се откажала од намерата.