Балкан
8. August 2018 - 11:54

Незапаметен ужас во Ѓаковица: На сопругата и испратил страшна порака, а потоа ја убил и неа и ќерката (9)

Mаж (40) од Ѓаковица на Косово и Метохија е уапсен откако ја убил својата поранешна сопруга (40) и деветгодишната ќерка.

Како што пренесуваат локалните медиуми до убиството дошло во вторникот навечер. Двојката живеела одвоено неколку месеци, и имале 5 деца, од кои две живееле со таткото, а три со мајката.

Според неофицијалните информации, неколку часа пред да ја убие својата жена и ќерка со автоматско оружје, тој испратил заканувачка порака на бројот на својата сопруга.