Фудбал
25. May 2017 - 12:12

Незадоволниот Мората на мета на Милан

Кинеските сопственици на Милан, кои неодамна го презедоа клубот, планираат да вложат сериозна сума на пари во реновирањето на тимот, во летниот преоден рок.
 
Шпанскиот весник „Марка“, во средата пишува дека еден од приоритетите ќе биде трансферот на Алваро Мората, кој не го крие незадоволството од третманот кој го има кај Зинедин Зидан.
 
Милан, според истиот извор, бил подготвен да понуди сума од 60 милиони евра за овој напаѓач.
 
Наводно Мората сакал да се врати во Италија, каде две сезони со успех го носеше дресот на Јувентус.